Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола
-->
Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со ресана и Кока-кола и сигурно ќе сакате да го подготвите дома...
Ќе го обожавате десертот со ресана бисквити и Кока-кола, кој се прави без печење.
-->
Вкусен е, но уште поважно – многу лесно се подготвува.
Па ако сакате да пробате нешто ново – зошто да не го направите овој колач?
Потребни состојки:
- 500g ресана бисквити
- 600ml Кока-кола
- 300g крем сирење
- 120g шеќер во прав
- 250g шлаг пена
- 30g нишесте
- 30ml вода
- 150g темно чоколадо
- 30ml масло
Начин на подготовка:
- Во калап за торта наредете еден ред ресана бисквити.
- Во длабок сад ставете ги крем сирењето и шеќерот во прав, па матете со елекрична маталка за да се спојат убаво. Додајте ја шлаг пената и повторно матете додека да добиете мазна смеса.
- Половина од кремот истурете во калапот врз ресана бисквитите и убаво распоредете ја по целата површина.
- Во длабоко тенџере на загреана рингла ставете 600ml Кока-кола.
- Во нишестето ставете 30ml вода, па кога ќе добиете смеса без грутчиња, полека додадете ја во Кока-Колата што почнува да врие. Мешајте без престан додека да се згусне убаво за да добиете фина карамелизирана глазура.
- Оставете ја да остине околу половина час. Кога ќе се олади, неколку лажици од глазурата ставете врз белиот крем.
- Со дрвено стапче (или со виљушка) спојте ги двете смеси (како што е прикажано во видеото), па одозгора ставете нов слој од белиот крем. Повторно ставете неколку лажици од глазурата и спојте ги двете смеси.
- Ставете го колачот во фрижидер и оставете го околу два часа.
- Во посебен сад ставете 150g темно чоколадо и 30ml масло и ставете го во микробранова печка да се стопи. Спојте ги двете состојки, па прелијте го колачот.
- Оставете го уште еден час во фрижидер, па послужете го.
Видео постапка:
-->
-->
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Вкусен колач со боровинки и лимон
Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...