Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео)

Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема брзо, изгледа одлично, а децата ќе ве тераат постојано да им го подготвувате.

jajca-na-oko-kakvi-shto-ne-ste-pravele-prethodno-decata-kje-gi-obozhavaat-video-01.jpg

Понекогаш храната што ја јадеме често може да добие поинаков вкус ако ја подготвиме или сервираме поинаку од вообичаеното. Па така, јајцата на око со виршли ќе им станат омилени на вашите деца само ако го смените начинот на кој ги приготвувате.

Овојпат ви нудиме едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се подготвува брзо, изгледа одлично, а децата ќе ве тераат постојано да им го правите.

jajca-na-oko-kakvi-shto-ne-ste-pravele-prethodno-decata-kje-gi-obozhavaat-video-03.jpg

Потребни состојки:

  • 3 виршли
  • 5 јајца
  • Малку млад лук или кромид
  • 1 домат
  • Малку рендан кашкавал
  • Сол и бибер по вкус

jajca-na-oko-kakvi-shto-ne-ste-pravele-prethodno-decata-kje-gi-obozhavaat-video-04.jpg

Начин на подготовка:

  • Виршлите прво исечете ги на половина, по должина. Половинките засечете ги од едниот до другиот крај (како во видеото), но внимавајте да не ги исечете до крај.
  • Спојте ги двата краја на виршлата со чепкалка за заби за да добиете форма на цвет.
  • Ставете го цветовите од виршла во тава за пржење.
  • Во меѓувреме искршете ги јајцата, па белките ставете ги во длабок сад, а во цветовите од виршла ставете по една жолчка.
  • Покријте ги со капак. Кога ќе се потпечат од едната страна, свртете ги на другата.
  • Кога ќе бидат готови, извадете ги во посебен сад.
  • Изматете ги белките за да добиете пенеста смеса.
  • Ставете ги да се пржат во тавата во која претходно ги пржевте цветовите.
  • Кога ќе биде готова едната страна, превртете ја на другата срана, како палачинка.
  • Врз белката наросете малку сечкани перки од млад лук или кромид, па врз нив ставете неколку домати исечкани на тркалца.
  • Посолете и додајте бибер по вкус. На крајот ставете и малку рендан кашкавал и преклопете ги белките на половина.
  • Извадете ги во чинија за сервирање, па ставете 3 цвета од виршлите со јајца. Послужете ги топли.

Видео упатство:

Sausages in a way you've never seen before!

Sausages in a way you've never seen before!

Posted by Yummy Food Recipes on Sunday, June 4, 2023

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg