Одлично летно освежување – направете „пијани јагоди“
Ова е „рецепт“ за кој не ви се потребни никакви гастрономски вештини во кујната, а ќе го обожаваат сите полнолетни кои може да консумираат алкохол.
Може да одберете некој од понудените видови на алкохол: просеко, шампањ, вотка, рум, бело, црвено вино или розе. Сите овие одлично се комбинираат во вкусот на јагодите. Добро е да се направи додека уште трае сезоната на ова слатко овошје, но може и со смрзнати.
Нивното обложување во бел, гранулиран шеќер ќе им даде сладок вкус на пијаните јаготки. Задолжително направете го ова летно освежување:
Потребни состојки:
- 1 kg јагоди
- 750 ml алкохол по ваш избор
- ½ шолја шеќер
Начин на подготовка:
- Измијте ги јагодите и ставете ги во подлабок сад.
- Истурете го алкохолот и покријте го овошјето.
- Оставете ги јаготките да се „накиснат“ во алкохолот најмалку 1 час во фрижидерот, а за поинтензивен вкус оставете ги да отстојат прекуноќ.
- Пред сервирање, истурете ја течноста од јагодите и исушете ги внимателно со салфетки.
- Извалкајте ги во бел, гранулиран шеќер и уживајте во вкусот.
-->
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко
Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...