Што треба да содржи совршено здрав шејк?
Oвошните шејкови се совршен оброк после тренингот, наместо да консумирате нешто слатко и калорично, што ќе ви ги врати потрошените калории. Со вистинските состојки, шејкот може да му помогне на вашето тело да поврати јаглехидрати, електролити, есенцијални киселини и антиоксиданти.
Но, што треба да содржи секој здрав шејк?
За совршен шејк, прво треба да ставите течност во блендерот, потоа овошје, а на крај мраз.
Чекор 1: Истурете чаша млеко во блендерот. Млекото треба да е без маснотии, бидејќи истото помага во одржување на мускулното ткиво. Потоа додадете протеини, во форма на сирење, тофу или јогурт.
Чекор 2: Додадете нешто слатко во форма на замрзнато овошје или тиква, бидејќи е полна со бета-каротин, што го подобрува видот и имунитетот.
Чекор 3: Маснотии. Истите можете да ги добиете од ореви и бадеми, кои се полни со калциум, магнезиум и фосфор (за јаки коски) или други јаткасти плодови, кои се полни со масни киселини.
Чекор 4: За вкус додадете малку кокосово брашно или зачини како цимет или анасон.
Чекор 5: И конечно зајакнете ја вашата енергија со додавање на кофеин преку малку кафе.
Ашера | Црнобело