Лимонада со зелен чај - совршен летен пијалак за слабеење
Ако во жешките денови сакате да се напиете нешто освежувачко, а кое нема да ве наполни со празни калории, можете да направите лимонада со зелен чај.
Ваквиот пијалак можете да го пиете еднаш или двапати во текот на денот. Освен што ќе ја надополните потребната количина на витамини и антиоксиданси, ќе успеете да стопите и дел од масните наслаги.
Кофеинот во зелениот чај помага за подобро и поефикасно варење на храната. Во една шолја зелен чај има 300-400 милиграми полифенол, кој е најзаслужен за антиоксидативното дејство на зелениот чај.
Со помош на лимонадата ќе го намалите холестеролот, ќе го забрзате метаболизмот, ќе го стабилизирате нивото на шеќер во крвта и ќе се чувствувате сити.
За една доза потребни ви се:
- 2 чаши вода
- една кесичка зелен чај
- 2 лажички мед
- изрендана кора и исцеден сок од еден лимон
- стапче цимет
Подготовка:
Водата ставете ја во тенџере и во нејзе изрендајте ја кората од претходно добро измиениот лимон. Ставете го и стапчето цимет и оставете да се загрее на околу 80 степени (кога почнуваат да се појавуваат мали меурчиња, пред да почне водата да врие со клокотење).
Ставете ја и кесичката зелен чај и оставете да стои најмногу пет минути. Во чајт додајте ги лимонот и медот и промешајте. Почекајте да се излади на собна температура, па ставете го пијалакот во фрижидер.
Откако ќе биде ладен, додајте две коцки мраз и уживајте во убавиот вкус.
Е. Д. | Црнобело