Чај од 2 природни состојки кој ќе ви помогне да спиете подобро
Доколку страдате од несоница или неквалитетен сон, имаме едноставно решение за вас. Природен чај од 2 лесно достапни намирници кој ќе го регулира спиењето и биоритамот. Чајот се подготвува многу едноставно и брзо, а сé што ви е потребно е банана и цимет.
Зошто функционира?
Бананата содржи значајни количества на магнезиум и калиум. Комбинацијата од двете е одличен мускулен релаксатор. Кога нашето тело е релаксирано и опуштено, многу полесно е да се заспие. Магнезиумот и калиумот исто така имаат смирувачки ефект и врз мозокот, па заспивањето е полесно.
Циметот, пак, е состојка која го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Ова е важно, бидејќи нивото на шеќер има директно влијание врз лачењето на хормоните. Превисокото или прениското ниво на шеќер во крвта може да го наруши сонот, а циметот е одличен стабилизатор на истиот.
Магнезиумот е најважен минерал за опуштање на мускулите и воедно ги намалува грчевите и болките. Кога сме под стрес, психолошките механизми го намалуваат нивото на магнезиум во организмот, па затоа е есенцијално важно истиот да се надомести.
Кората од банана содржи најголемо количество на калиум, а циметот ќе ја регулира нејзината горчливост.
Потребна ви е една нелупена банана и 1 лажичка цимет.
Исечете ги краевите од бананата и ставете ја во зовриена вода. Оставете ја да се вари околу 10 минути. Додадете го циметот во течноста. Прецедете ја чајната мешавина во шолја, а за најдобри резултати консумирајте го пијалакот 1 час пред спиење.
Доколку идејата за ваков чај ви е чудна или непривлечна, тогаш изедете ја бананата свежа со малку цимет како додаток. Резултатот во обата случаи е мирен долготраен сон.
(O)Милена | Црнобело