Овес, вода и цимет - рецепт за помалку килограми и рамен стомак
Научните истражувања покажуваат дека растворливите влакна од овесот делуваат превентивно на срцето и крвните садови, намалувајќи го нивото на холестерол и делувајќи на апсорпцијата на жолчните киселини.
Растворливите влакна, исто така, влијаат на функцијата на инсулинот и на тој начин природно го регулираат нивото на шеќер во крвта во текот на денот, што истовремено создава чувство на ситост.
Пијалакот од овес е одличен за одржување на линијата бидејќи:
- Богат е со растителни влакна - кои имаат одлучувачка улога во здравото варење на храната
- Добро делува на црниот дроб - овесот содржи амино киселини, кои му помагаат на црниот дроб да произведува лецитин, кој е одговорен за одвојувањето на мастите од црниот дроб во дигестивниот систем. Накратко, овесот помага за да се спречи појавата на замастен црн дроб.
- Пијалакот е сиромашен со калории, а содржи голем број на витамини и минерали - Тој е природен диуретик кој помага во работењето на бубрезите и придонесува за излачување на вишокот течности од телото преку урината.
Како да го подготвите пијалакот?
Состојки:
- 1 чаша овесни снегулки
- 3 чаши вода
- 1 стапче цимет или 1 лажичка цимет во прав
- 2 лажички мед или други природни засладувачи
За начинот на подготовка на пијалакот погледнете го следното видео:
М. С. | Црнобело