Природен сок кој треба да го пиете 10 дена пред одмор за да имате бронзен тен
Сакате да потемните додека сте на одмор, но не сакате претерано да ја горите кожата? Решението не е во скапите масла, ниту во вештачките таблети, туку во овошјето и зеленчукот кои секојдневно ги купувате.
Направете си го овој пијалак неколку недели пред одмор, пијте го секој ден и очекувајте комплименти.
Потребно ви е:
- 1 морков
- 1 праска
- 1 парче свежа тиква или диња
- 1 јаболко
Подготовка:
Едноставно е, ставете ги сите состојки во соковник, а по желба може да додадете и други овошја заради подобар вкус. Додајте малку лимон заради витамин Ц и пијте го овој сок секојдневно пред појадокот.
Почнете со оваа навика најмалку 10-тина дена пред одмор, а додека се сончате, погрижете се да внесувате по барем еден морков дневно.
Тајната на морковот е во бета каротенот, кој ја штити кожата од UV зраците, ги обновува клетките и предизвикува многу побрзо менување на пигментот на кожата под сончевите зраци.
Ако редовно го консумирате, ќе може да се сончате на пријатно сонце, а не да се пржите како останатите девојки и ќе се вратите дома со повеќе од задоволувачки резултати.
М. Д. | Црнобело