Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно
-->
Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено вино, а импресионира со својот сладок вкус.
Ако оваа сезона сакате да пробате нешто поинакво, дајте му шанса на овој интересен пијалак.
-->
Потребни состојки (за 2 чаши):
- 500ml сок од тропско овошје
- 5cm ѓумбир, измиен и исечен на тенки ленти
- 1 стапче цимет
- 6 каранфилчиња
- 1 ѕвезда анасон
- 1 лимон, од кој ќе го исцедите сокот и ќе ја изрендате кората
- 2 лажици џем од портокал
- 60-80ml џин
Декорација:
- 1 портокал, измиен и исечен на тркалца
- 2 стапчиња цимет
- 2 стебленца нане
Начин на подготовка:
- Во тенџере ставете ги ѓумбирот, стапчето цимет, каранфилчето, анасонот, кората и сокот од лимонот, мармаладот од портокал и сокот од тропско овошје, па оставете да зовријат.
- Исклучете го шпоретот, додадете го џинот и промешајте.
- Парчињата портокал ставете ги во чашите.
- Процедете го варениот џин за да ги отстраните парчињата каранфилче, стапчето цимет и анасонот, па наполнете ги чашите.
- Украсете го пијалакот со стапче цимет и стебленце нане.
- Уживајте во вкусот!
Бонус видео:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка
Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми
На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи)
Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот)
Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
-->