Чизкејк во чаша: Пролетно уживање со само 76 калории
Нема поголема радост во пролет од тоа што сè e расцветано и обоено, ни стигнуваат најслатките овошни задоволства со кои може да експериментираме и вистински да уживаме.
Ако ги сакате јагодите, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне, бидејќи покрај тоа што е освежителен има само 76 калории.
Потребни состојки:
- 1 dl обичен обезмастен јогурт
- 1 dl бадемово или кокосово млеко
- неколку свежи јагоди
Сето тоа заедно ставете го во блендер и добро измиксајте го додека не се соедини во густа еднолична течност.
Сипете го во чаша, додајте неколку коцки мраз или замрзнато овошје за послатко ледено освежување.
Ако немате јагоди, може да ги замените и со малини или боровинки.
Оние кои не ги бројат калориите, наместо коцки мраз може да додадат топка овошен сладолед.