Рецепт за највкусното топло чоколадо кое сте го пробале до сега
Можете на прсти да ги наброите луѓето или локалите кои знаат да подготват совршено слатко и густо чоколадно задоволство на кое буквално ќе се навлечете.
Овој рецепт е проверен од францускиот шеф Жак Торес и затоа топло ви го препорачуваме.
Потребно ви е: (состојките варираат во зависност од количината и густината која ја сакате)
- Квалитетно чоколадо со најмалку 60% какао
- Полномасно млеко
- Млеко во прав
- Густин, по желба
Подготовка:
1. Стоплете 250ml млеко (за 4 лица).
2. Измешајте 50g млеко во прав и 3-5g густин.
3. Подгответе 150g квалитетно чоколадо и исечкајте го на парчиња.
4. Во жешкото млеко ставете ги парчињата чоколадо. Константно мешајте.
5. Додајте го млекото во прав со густин и константно мешајте додека млекото не зоврие.
6. Послужете со шлаг, цимет, чоколаден прелив, рендано чоколадо...
Правило кое мора да го почитувате: Никогаш не дозволувајте млекото да зоврие пред да го додадете чоколадото!