Спој на здравје и слатко уживање: 7 причини за уште една голтка топло какао

Мирисот и вкусот на топлото какаото има некое магично дејство врз целиот човечки организам, без притоа да знаете колкава услуга му прави на вашето тело.

spoj-na-zdravje-i-slatko-uzivanje-7-pricini-za-uste-edna-goltka-toplo-kakao-01.jpg

Низ сите истражувања спроведени врз овој кафеав плод, се потврдило дека истиот е моќен антиоксиданс кој го спречува стареењето, ја враќа енергијата и го зајакнува имунитетот.

Неговата сезона е во полн ек кога температурите ќе се спуштат, а ние ви нудиме најмалку 7 причини зошто да си сварите уште една шолја топло, чоколадно уживање.

1. Добар извор на енергија

Какаото е богато со витамин Б, кој е неопходен за сите метаболични процеси, вклучувајќи го и произведувањето енергија.


2. Помага во заздравувањето на коските и зглобовите

Одличен извор на минерали, калциум, цинк и калиум, што го прави одличен сојузник за здравјето на коските.


3. Ги лечи воспаленијата во мускулите

Какаото е моќен антиоксиданс кој се бори со оштетените слободни радикали, што доведува до намалување на болката и воспаленијата во мускулите.


4. Го зајакнува имунитетот

Какаото има сè што му е потребно на вашиот организам - цинк, витамин Ц и Е.


5. Успешно се бори со стресот

Благодарение на минералите, посебно магнезиумот кој го има во какаото, телото полесно се бори со стресот.

spoj-na-zdravje-i-slatko-uzivanje-7-pricini-za-uste-edna-goltka-toplo-kakao-02.jpg

6. Одличен лек за слабокрвните лица

Какаото е богато со железо, манган, цинк и витамин Ц, односно во само 28 грама какао има 314% од дневната препорачана количина железо.


7. Ја поттикнува среќата

Во какаото се наоѓаат и серотинин и допамин, хормоните за среќа, па не е ни чудо што моментално може да ви го подобри расположението.

Ако веќе ве убедивме да си сварите една шолја топло какао, ова е совршениот рецепт кој треба да го испробате:

  • 2 лажици какао прав со висок процент на какао
  • 1-2 лажици кафеав шеќер
  • Малку жешка вода
  • 1 шолја млеко
  • Ванила или цимет, по желба

Разредете го какаото со малку жешка вода, па додавајте го шеќерот. Кога ќе добиете густа смеса, додадете го циметот или ванилата и постепено загревајте.

По 2-3 минути полека започнете да го додавате млекото и мешајте непрекинато.

Оставете ја течноста убаво да се стопли, префрлете во омилената шолја и уживајте.

spoj-na-zdravje-i-slatko-uzivanje-7-pricini-za-uste-edna-goltka-toplo-kakao-04.jpg

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg