3 Пијалака кои за брзо ќе ви го смалат стомакот
Познато е дека газираните пијалаци и алкохолот ни малку не му пријаат на нашиот струк. Меѓутоа постојат неколку безалкохолни пијалаци кои помагаат во ефикасно топење на масните наслаги.
Доволно е само еднаш во денот да се напиете барем еден од овие 3 пијалаци и освен што ќе го намалите стомакот, ќе го подобрите сопственото здравје.
Погледнете што треба да пиете за да ги отстраните масните наслаги:
1. Ароматизирана вода
Кога се обидувате да се решите од вишокот на килограми, многу е важно вашиот организам да е хидриран. Консумирањето на голема количина вода му помага на вашето тело да одржи баланс на течности и на тој начин вие се чувствувате сите.
Ако не ви се допаѓа идејата да пиете обична вода, едноставно во неа ставете лимон, портокал, грејпфрут и други ниско калорични, природни вкусови.
2. Ладен чај од нане
Овој чај е одлично освежување, но истовремено и супер пијалак кој ќе ви помогне да имате рамен стомак. Нането му помага на желудникот побргу да ја вари храната, а на тој начин поефикасно се согоруваат масните намирници.
3. Зелен чај
Покрај намалувањето на ризикот од рак и срцеви заболувања, зелениот чај е од корист за целиот организам. Содржи антиоксиданси, кои помагаат во намалување на масните наслаги од стомакот. Ако пиете зелен чај пред вежбање, согорувањето на мастите ќе биде зголемено.
Би можело да ве интересира:





