Како да подготвите алкохолни коктели кои не дебелеат?
Ако сте љубител на летните, слатки коктели, сигурно секој пат кога земате по една голтка ги пребројувате калориите кои се лепат за вашето тело.
Факт е дека во коктелите се кријат многу нездрави шеќери, па дури и соли. Меѓутоа, ако добро го смислите рецептот, никогаш нема да треба да се откажете од оваа вкусна релаксација.
Еве неколку трикови како да си подготвите здрав, а подеднакво вкусен коктел:
1. Користете само свежо цедени сокови. Во соковите од шишиња се кријат шеќери кои не сакате да ги внесете.
2. Наместо сируп, користете мед. Покрај тоа што има помалку калории, содржи голема доза антиоксиданси.
3. Користете необоен алкохол. Обоените пијалаци имаат многу повеќе додатоци кои предизвикуваат мачнини и главоболки.
4. Секогаш користете мраз во големи количини. Наполнете ја чашата до половина со кршен мраз, па дури тогаш налејте од коктелот.
5. Користете свежо овошје наместо ароми и ликери. Овошјето, кафето, ѓумбирот и лимонот се ваши пријатели кога се работи за одржување на линијата, но и за намалување на мамурлакот.