Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Apricot Sangria - инстант коктел за пречек на летото

Наскоро ќе започне летната сезона на коктели, па затоа побрзајте и бидете први кои ќе го пречекаат летото, прославувајќи со овој инстант коктел кој нема да ви одземе повеќе од 15 минути за подготовка, а ќе ви пружи целодневно уживање во неговиот неверојатен вкус.

apricot-sangria-instant-koktel-za-precek-na-letoto-1

Се подготвува во бокал или поголем сад кој ќе ви биде и повеќе од доволен за прославување.

Подгответе го уште денес, повикајте ги пријателите или семејството и пружете си го задоволството кое го нуди овој вкусен шпански коктел.

Состојки:

  • 750ml црвено вино
  • 3 лажици обичен сируп за коктели
  • 3 портокали исечени на тенки парчиња
  • 6 кајсии од кои 3 без лушпа
  • 2 чаши кисела вода
  • 3 лажици сок од портокал
  • ¼ чаша ракија од кајсија

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно во поголем сад, освен киселата вода и мразот. Потоа оставете ги во фрижидерот околу два часа да се изладат.

Кога ќе го сервирате додадете ја киселата вода и мразот. Може да ја декорирате коктелската чаша со парче портокал.

apricot-sangria-instant-koktel-za-precek-na-letoto-2

Би можело да ве интересира:

4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg