Брз рецепт за домашен сладок Бејлис
Добро познатиот благ и млечен ликер Бејлис конечно ќе може да се најде на вашата трпеза кога и да посакате. Наместо да трошите пари, потрошете половина час повеќе и следете го овој рецепт.
Состојки:
- 8dl млеко
- 6 лажици шеќер
- 1 кесичка пудинг со вкус на карамела
- 1 кесичка шлаг пена
- 100g бела чоколада
- 2dl виски
Подготовка:
Млекото и шеќерот ставете ги во длабок сад на оган, се додека не провријат. Смесата за пудинг и шлаг измешајте ги со неколку лажички млеко, а потоа додадете ја течноста во млекото и шеќерот.
Смесата ќе започне да се згуснува по само неколку минути. Тогаш додајте ја белата чоколада ситно искршена и добро мешајте.
Оставете ја смесата да се олади, а по 1 час додајте го вискито и добро промешајте.
Служете со коцки лед, во ниски чаши. Проросете цимет или рендано чоколадо, по желба.