„Ја пробав диетата на Викторија Бекам - постојано бев гладна, нервозна и се здебелив“
Ден 5
„На фотографијата се смеам, но во себе плачам.
Куќата смрди на риба. Морам да ја чистам кантата за отпадоци секој ден за да го отстранам купот од амбалажа за риба, но сепак мирисот на океанска смрт се чувствува во воздухот.
Тоа постојано ме потсетува само на онаа работа на која не сакам да мислам, а тоа е дека петти ден по ред ќе јадам риба.
Не помогна многу тоа, што денес требаше да јадам чаден бакалар, што мириса уште посилно и додавам голема порција спанаќ со него. Вкусно е, но ми треба парче стек.“
Ден 6
„Денес се чувствувам гладно и нервозно. Не можам да издржам и јадам огромен печен компир. Знам дека не е подготвен на пареа, но испарува од што е жежок и сепак ќе добијам некакви поени, нели?
Додадов и туна со пиперки. Си направив и салата со ракчиња. Тоа е најблиску што можам да се држам до риба на скара и зеленчук на пареа.“
Ден 7
„Денес, на последниот ден одлучив да се качам на вагата за да видам што сум направила. Иако, тоа не е најважната работа за почнување на здрава исхрана, сепак сум љубопитна.
Не сум ослабела ниту грам во една недела, туку сум се здебелила околу 200g.
Тоа беше доволна причина за да се откажам од овој експеримент еднаш засекогаш и да се вратам на тоа што го правев претходно.
Да ви кажам, никогаш побрзо во животот не сум се упатила во кујната со цел да си направам тестенини во болоњезе сос.“
Б. С. Б. | Црнобело