„Ја пробав диетата на Викторија Бекам - постојано бев гладна, нервозна и се здебелив“
Ден 1
„Бев мошне возбудена, а ладилникот ми беше преполн со здрав зеленчук и навистина сакав да пробам некои нови оброци што не сум ги пробала претходно.
Тоа беше така, сè додека не пробав риба печена на скара и зеленчук на пареа. Веднаш го подготвив најскапото месо, бакаларот, но бев разочарана од тоа колку се смалија парчињата по печењето.
Зеленчукот ми беше без вкус, па додадов многу сос од соја за да успеам да го изедам оброкот.
За вечера не можев повторно да готвам, па направив салата со ракчиња. Ова беше малку повкусно затоа што вметнав и кисело цвекло.
Си легнав гладна и бев нервозна затоа што тоа ќе треба да го правам цела недела.“
Ден 2
„Се разбудив гладна и одлучив дека денес е денот да го пробам омилениот тост на Викторија од цело зрно пченица и малку сол.
Беше навистина вкусно, затоа што заради солта тостот малку имаше вкус како да сте ставиле путер, без да ризикувате да ги консумирате маснотиите.
Тоа ме држеше до ручекот што се состоеше од пропржени ракчиња и зеленчук. Да, знам дека зеленчукот треба да е приготвен на пареа, но чувствував дека ми требаше нешто покрцкаво.
Вечерата беше бакалар со зеленчук, но ми недостасуваше компир. Компирите се зеленчук нели?
Се држам до основниот план, но веќе почнувам да размислувам како да вметнам компир во некој момент.“
Ден 3
„Викторија вели дека тој начин на исхрана ѝ дава сила, но јас чувствувам како да е сосема обратно со мене. Обично еднаш во неделата одам на трчање, но денес немам енергија и гладна сум, па одлучив да прескокнам.
Ги бројам минутите додека да дојде време за ручек. Да бидам искрена бранцинот воопшто не ме најаде. Тоа е само колку да се залажам, нели? Порцијата е мала. Сепак, беше вкусен, морам да признаам.
Зеленчукот морав да го потопам во соја сос и ми се чини дека јадам повеќе сол во еден оброк, отколку што вообичаено консумирам за една недела.“
Ден 4
„За да не се откажам предвреме одлучив да додадам малку зачини, па филето од лосос одлучив да го зачинам со кајун сос пред да го испечам и тоа направи голема разлика.
Охрабрена од успехот со лососот прегледував стари фотографии од Викторија и ја видов како држи чаша црвено вино – тоа ми беше доволен изговор да отворам шише и да се почестам две мали чаши.“