14 одговори на прашањето: Што да јадам за да слабеам здраво?
8. Не јадете едно исто секој ден, колку и да е здраво
Ако секојдневното мени ви е исто и внесувате само еден вид на храна, нема да забележите никакви резултати. Потребно е да ги менувате оброците. Менито може да ви се поклопува два до три пати во неделата.
9. Не се сите масти лоши
Тука важи истото правило како кај холестеролот. Мастите од јаткастите плодови, семките, авокадото, морската храна, како и маслиновото масло се здрави.
10. Замрзнатиот зеленчук не ви е непријател
Замрзнатиот зеленчук може да го консумирате, меѓутоа треба да почитувате неколку основни правила:
- Зеленчукот мора да е замрзнат набрзо по сезоната на берење
- Зеленчукот во кесата мора да биде одвоен. Доколку почувствувате големо парче мраз, побарајте друго пакетче, бидејќи очигледно при транспорт зеленчукот бил неколкупати одмрзнат, па повторно замрзнат.
11. Кои продукти смее да ги обработувате термички, а кои се поздрави кога се свежи?
Доматите и зелката би требало да бидат малку потпечени или подварени заради подобра дигестија. Шумските плодови се најдобри кога се консумираат свежи, заради големото ниво на антиоксиданси. Мешунките задолжително е да бидат добро сварени.
12. Внимавајте на нивото на жива кога одбирате риби
Рибите се здрав извор на масти, меѓутоа во голем дел од нив може да се наоѓа голем процент на жива, која пак може да биде опасна за здравјето. Затоа, одбирајте помали риби, бидејќи се верува дека содржат помал процент на жива.
13. Прешкртајте го алкохолот
14. Исто како и шеќерот
Десертите ве тераат да внесувате празни калории без никакви хранливи вредности.
М. Д. | Црнобело