14 одговори на прашањето: Што да јадам за да слабеам здраво?
Здравото слабеење е популарна тема во секој дел од годината, но во лето дефинитивно почесто ги слушаме прашањата од типот „Како да ослабам здраво, а брзо?“
За да не пробувате ризични диети и менија кои гарантираат брзо симнување на маснотиите, ви нудиме 14 издржани одговори како да останете здрави, а да намалите некој килограм:
1. Избегнувајте го лошиот холестерол
Постои разлика помеѓу добар и лош холестерол и крајно време е да ја научите. Добриот холестерол се наоѓа во јајцата, ракчињата и црниот дроб и не треба да го избегнувате. Избегнувајте го само оној кој се наоѓа во преработените месни производи, чоколадото и продуктите збогатени со вештачки шеќери.
2. Не се оптоварувајте со глутен, освен ако немате направено тест
Само мал број од луѓето во светот се нетолерантни на глутен. Останатите речиси 90% немаат проблем со негово консумирање. Па, освен ако не сте направиле тест кој покажал дека сте нетолерантни, не се оптоварувајте со ова.
3. Консумирајте плодови кои важат за суперхрана
Има посебна категорија на храна која е побогата со хранливи материи, витамини и минерали за разлика од останатата и се нарекува суперхрана. Тука спаѓаат спанаќот, брокулата, боровинките, наутот, леќата, гравот, зелката, кајсиите, оревите...
4. Не се залажувајте со здрав леб
Свежо испечениот леб е задоволство кое смее да си го дозволите неколкупати во месецот, но не се залажувајте со здрави варијанти кои имаат минимално помалку калории од белиот леб.
5. Јаглехидратите не ви се непријатели
Не ги исфрлајте целосно од исхраната. Едноставно, комбинирајте ги со поздрави, свежи состојки, наместо со преработени месни продукти.
6. Кажете им НЕ на строгите детоксикации
Детоксикацијата на телото нема да ви биде потребна ако се храните здраво секој ден. Избегнете го овој опасен тренд во исхраната кој може да ви го наруши целокупното здравје.
7. Разликувајте опасни од безопасни состојки
Кога одбирате спакувани производи, секогаш внимавајте на опасните состојки, како и на додадените шеќери, соли, масло и слично.