Трикови со кои ќе јадете помалку, а нема да чувствувате глад

Најчестиот, а со сигурност и најлогичниот совет за слабеење кој може да го добиете, е тој да го смалите внесот на храна. Но, како?

trikovi-so-koi-kje-jadete-pomalku-a-nema-da-chuvstvuvate-glad-1.jpg

Често се поставува прашањето за тоа како да се намали големината на порцијата, односно бројот на калории, а притоа да не останете гладни и во искушение повторно да каснете нешто. За среќа, постои и одговор, а содржан е во неколку стратегии кои може да ги примените уште веднаш.

За помалку да јадете, без да чувствувате глад, придржувајте се до следните совети:

1. Зеленчукот нека зазема барем половина од чинијата

Зеленчуците се богати со вода и растителни влакна, а сиромашни со калории. Поради својот голем волумен, а мал удел во калориите, зеленчукот е мошне пожелен збир на намирници за порцијата, особено додека сте на диета.

trikovi-so-koi-kje-jadete-pomalku-a-nema-da-chuvstvuvate-glad-2.jpg

2. Вклучете протеини во секој оброк или меѓуоброк

Намирниците кои се богати со протеини ќе ве одржуваат сити, многу подолго од јаглехидратите или мастите. Затоа, вклучете ги протеинските продукти во што повеќе оброци во текот на денот. Мешунките, јајцата, немасното месо или млечните производи, како што се јогуртот и сирењето, се секако добар избор.

trikovi-so-koi-kje-jadete-pomalku-a-nema-da-chuvstvuvate-glad-3.jpg

3. Пијте вода во тек на оброкот

Пиењето вода за време на оброкот е делотворна метода за намалување на внесот на калории. Водата не содржи калории, а прави да се чувствувате позаситени. Ако се напиете една чаша вода и пред оброкот, тогаш уште помали се шансите од прејадување.

trikovi-so-koi-kje-jadete-pomalku-a-nema-da-chuvstvuvate-glad-4.jpg

4. Зеленчукова супа или салата како предјадење

Ако оброкот го започнете со свежа салата или супа од зеленчук, ќе изедете многу помалку храна во понатамошниот тек на јадењето.

trikovi-so-koi-kje-jadete-pomalku-a-nema-da-chuvstvuvate-glad-5.jpg

5. Користете помали садови и прибор за јадење

Со помали чинии ќе ја намалите порцијата, а истовремено ќе го „излажете“ мозокот дека сте изеле повеќе.

trikovi-so-koi-kje-jadete-pomalku-a-nema-da-chuvstvuvate-glad-6.jpg

6. Јадете свесно

Додека јадете, оставете ги мобилниот телефон, лаптопот и телевизорот настрана. Ограничувањето на сите пречки и занимации во текот на оброкот, ќе ви овозможи подобра проценка на тоа дали сте најадени или не.

trikovi-so-koi-kje-jadete-pomalku-a-nema-da-chuvstvuvate-glad-7.jpg

7. Зачинете ги оброците

И додавањето појаки зачини во оброците, како лути пиперчиња или ѓумбир, ќе направи побргу да се заситите, а со тоа и помалку да изедете.

trikovi-so-koi-kje-jadete-pomalku-a-nema-da-chuvstvuvate-glad-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg