Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колку оброци треба да јадете дневно за да не се здебелите?

За многумина од нас, зборот диета е  составен од 5 букви кои звучат како најстрога казна. Тоа значи дека мораме да се откажеме од благото и сите производи кои обожаваме да ги јадеме, дека мораме да гладуваме и да јадеме само здрави производи.

tajnata-na-vitkosta-e-vo-cestoto-jadenje-01.jpg

Но, тоа не е вистината.

Според Мишел Адамс-Арент, спортски нутриционист, диетата не е само околу ограничувањето од храна, туку повеќе е околу рамномерно дистрибуирање на истата во повеќе оброци во текот на денот.

Колку често треба да јадете?

Различни диети имаат различни идеи за тоа што треба да јадеме, а што да избегнуваме. Некои препорачуваат да се откажеме од пржената храна и благото, други да јадеме само протеини, а трети храната да ни биде базирана на овошје и зеленчук.

Но, сите овие ограничувања можат повеќе да штетат отколку да бидат корисни, не само физички, туку и ментално. Всушност не е многу важно што јадеме, туку колку јадеме.

Нашето тело е дизајнирано да прима енергија секојпат кога јадеме и оваа енергија да ја потроши во одреден временски период. Ако јадете големи оброци, телото започнува да ги акумулира мастите, но ако јадете помали порции, телото ја троши целата енергија и нема време да акумулира масти.

Затоа, не е важно што јадете, туку во колкави количини и колку често го јадете.

Јадењето 6 оброци е подобро од 3

Кога јадеме помали оброци почесто, телото има време да ги апсорбира корисните материи и да се ослободи од енергијата која се апсорбира. Имајте на ум, тоа не значи дека треба да јадете по 6 хамбургери на ден, туку дека треба да јадете помали оброци, почесто.

tajnata-na-vitkosta-e-vo-cestoto-jadenje-1_copy.jpg

Оброците треба да ги организирате според тоа колку јаглехидрати, протеини и масти треба да внесувате во текот на еден ден:

tajnata-na-vitkosta-e-vo-cestoto-jadenje-02.jpg

Ако сакате да откриете колку отприлика калории треба да внесувате во текот на еден ден, помножете ја вашата моментална тежина со 25 (за жени) и 28 (за мажи). Имајте на ум, дека ова е минималната бројка на калории кои треба да ги внесете ако немате никакви активности, односно ако воопшто не се движите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg