Девојка со „пред и потоа“ фотки докажува дека броењето калории не ве прави послаби
Повеќето луѓе кога сакаат да ослабат воведуваат диета за изгладнување, сметајќи дека колку помалку калории внесуваат - толку подобри резултати ќе добијат.
Фитнес блогерката Медлин Џорџета неодамна го докажа спротивното - дека колку повеќе калории јадете, толку подобро изгледате.
На Инстаграм Медлин предизвика бура од рекации и дебати без крај со само една „пред и потоа“ фотка.
„Јадев 800 калории на ден, мислејќи дека е здраво, без да знам дека ми требаат минимум 1.500 калории во текот на денот. По одреден период бев неспособна да внесам толку многу калории и се борев со порцијата во мојата чинија. Се сеќавам дека понекогаш ќе го оставев ручекот до компјутерот и се борев цели 3 часа за да го изедам. Сега мојот стомак може да собере многу повеќе и е посреќен. Не си го трошете времето јадејќи салата, кога можете да јадете слатки компири и палачинки од банана,“ гласи само мал дел од објаснувањето под фотографијата.
Диетата на Медлин содржела во просек по околу 1.800 калории, но од нејзиниот Инстаграм профил се гледа дека паралелно на оваа исхрана девојката напорно вежба за да го добие телото на десната фотка.
Очигледно, причината зошто диетата со строго изброени калории не функционира е следнава - вашето тело е изгладнето и очајно се обидува да заштеди колку повеќе енергија може.
Спротивно на тоа, ако сте доволно најадени и ги задоволите неговите потреби - енергијата може да ја искористите за ефективен тренинг.
М. Д. | Црнобело