Рецепт за единствениот топач на масти кој ви треба пред да облечете бикини
Во морето од рецепти за пијалаци кои ќе ве ослабат преку ноќ, навистина е тешко да го пронајдете оној кој најмногу ви одговара.
Луѓето обично го бираат оној кој им е највкусен, па така го спојуваат убавото и корисното, но како и се останато, она што е вкусно не секогаш е здраво и делотворно.
Оние кои оделе по оваа логика и го пробале овој топач на масти не се воодушевени од вкусот, но затоа се воодушевени од резултатот.
Состојките кои ви се потребни се:
- 1 лажица јаболков оцет
- Цеден сок и нарендана кора од 1 лимон
- Малку лута, мелена пиперка
- 240ml вода
Секоја состојка си има своја улога.
Лутото пиперче го забрзува варењето на храната и го стимулира согорувањето на масти, а покрај тоа го забрзува метаболизмот.
Лимонот го забавува таложењето на масти.
Јаболковиот оцет помага во нивното разградување.
Како да го подготвите пијалакот?
Загрејте ја водата додека не зоврие, па со неа прелијте ја наренданата кора од лимон. Оставете да отстои 10 минути, па додадете го јаболковиот оцет, сокот и пиперката. Измешајте со лажица и оставете да се олади.
Дозата преполовете ја и испијте ја пред и после секој оброк, а пред секое консумирање задолжително промешајте го пијалакот.
По желба може да додадете малку мед.
М. Д. | Црнобело