6 работи кои треба да ги направите навечер за да го поттикнете слабеењето

Секако дека некои вечери се резервирани за излегување или готвење вкусна храна, пијачка на шанк или чаша вкусно вино со пријателите, но вечерите кога останувате дома, искористете ги за да го поттикнете слабеењето.

6-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-navecer-za-da-go-pottiknete-slabeenjeto-001.jpg

Доколку се борите со некој килограм вишок, еве што може да направите уште вечерва:

1. Вечера без сол

Ако не сакате да имате подуен стомак, избегнувајте кинеска храна за вечера бидејќи содржи многу сол. Солта се задржува во организмот преку ноќта, па утрото ќе бидете подуени повеќе од вообичаено.


2. Вечерен тренинг

Наместо да се потите наутро, направете го тоа навечер. Не се потребни специфични вежби, доволно е да се раздвижите и да бидете активни. Луѓето кои се активни многу подобро спијат навечер.


3. Подгответе ужина

Просечниот оброк во ресторан или кафуле содржи двојно поголем број на калории од оној кој ќе го подготвите дома. Затоа ви препорачуваме од денес да си ја подготвите утрешната ужина или појадокот.


4. Пијте вода

Ова сигурно веќе го знаете, но се плашите дека во текот на ноќта постојано ќе станувате за до тоалет. За да го спречите ова несакано дејство, пијте многу вода најдоцна 1 час пред да легнете.


5. Затемнете ја собата

Хормонот мелатонин му помага на организмот да согорува калории, а телото повеќе го произведува ако просторијата е мрачна.


6. Исклучете го греењето

Спиењето во просторија од 19 степени согорува 7% повеќе калории отколку спиењето во загреана соба. Вие размислете што ви е од поголема корист.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg