Бутови, стомак или задник: 5 закони за слабеење на секој дел од телото

Колку пати досега сте се запрашале зошто масното ткиво најмногу ви се таложи во само еден дел од телото? Сега научниците велат дека тоа е заради одредени навики кои ги практикувате секојдневно.

butovi-stomak-ili-zadnik-5-znakoni-za-slabeenje-na-sekoj-del-od-teloto-01.jpg

Зависно од тоа која е вашата критична точка на дебелеење, сега можете да ослабете со само неколку совети.

1. Горниот дел од телото

Масното ткиво најмногу се собира на рамениците, градите, стомакот, грбот и на рацете до лактите.

Причината е погрешка исхрана и недостаток на вежби.

Воведете промени во исхраната кои вклучуваат внесување на 500 до 1000 калории помалку на дневна база и 5 пати неделно вежбајте по 30 до 60 минути. Препорачливи се кардио вежби (брзо одење или возење велосипед).


2. Од папокот нагоре и горниот дел од грбот

Ако се дебелеете над папокот, тоа може да биде знак за претерана работа на хормонот на стрес – кортизолот.

Трудете се да ја доведете тежината во рамнотежа преку здрава исхрана богата со влакна, витамини, минерали. Комбинирајте со вежби кои го намалуваат стресот, како јога и пилатес.

Ако пак стомакот ви е постојано подуен, без присутност на сало, тоа може да е последица од отежнато дишење и претерано консумирање на алкохол. 


3. Целиот грб

Знак дека не сте доволно физички активни и дека се храните лошо, односно дека имате склоност кон прејадување или прескокнување на оброите.

Обидете се да јадете 5 умерени оброци дневно во помали порции. Покрај тоа одете, пливајте и практикувајте вежби кои ги активираат мускулите на грбот.


4. Долниот дел од стомакот, бутовите и задникот

Ако ви се собира масно ткиво во ова критично подрачје, тоа е јасен знак дека ви недостасува физичка активност.

Фокусирајте се на вежби за издржливост на долниот дел од телото, како што се возењето велосипед и кружните тренинзи.

Ако сте склони на целулит, не заборавајте да правите природни маски и облоги.


5. Стомакот, задникот и цели нозе

Масното ткиво се насобира на овие делови обично како последица од бременост.

Кај овој проблем важат истите совети како под број 4, односно поголема физичка активност која ги активира критичните делови и природни препарати кои ги топат наслагите.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg