Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 состојки кои го топат салото на стомакот

За да го намалите обемот на струкот и да го стопите салото на стомакот, не е потребно да гладувате, туку да внесувате некои клучни состојки во исхраната.

5-sostojki-koi-go-topat-saloto-na-stomakot-001

Ако покрај нивното внесување, дополнително и вежбате поинтензивно, тогаш згодната фигура ви е неизбежна.

Ова се 5 производи и состојки со кои ќе го стопите салото на стомакот:

1. Јогурт или кисело млеко

Пробиотските бактерии во јогуртот влијаат поволно на здравјето на вашиот систем за варење. Покрај тоа ги намалува гасовите и подуеноста, а со тоа ќе ви го „израмни“ и стомакот.

2. Интегрални житарки

Белото брашно и оризот заменете ги со интегрално брашно и кафеав ориз. Така ќе го намалите салото околу струкот, бидејќи ќе го смалите и производот на инсулин, а со тоа ќе го олесните и разградувањето на телесните масти.

3. Производи богати со витамините А, Ц и К

Брокули, прокељ, пиперка и грав. Зеленчук кој ќе ви ги даде и потребните витамини и потребната енергија, а нема да ви го отежне варењето на храната и создавањето масни наслаги.

4. Мононезаситени масти

Новите истражувања покажуваат дека исхраната богата со мононезаситени масти, како што е маслиновото масло, го топи салото на стомакот.

5. Оцет

Состојката која му дава кисел вкус на оцетот има силен мирис и моќ да ги топи мастите. Според едно јапонско истражување забележано е дека дебелите луѓе кои консумираат 1 до 2 лажици јаболков оцет дневно, за период од 12 недели имаат значајно пониска телесна тежина, индекс на телесна маса, масти и обем на струк, за разлика од оние кои не консумираат оцет.

Истражувачите сметаат дека причина за тоа е оцетната киселина која активира гени што произведуваат протеини кои ги разложуваат мастите.

Би можело да ве интересира:

Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg