Како да го намалите обемот на струкот за само 1 седмица?

Наместо да се изгладнувате или измачувате во теретана, воведете само неколку измени во вашата дневна рутина кои загарантирано ќе го намалат обемот на струкот.

kako-da-go-namalite-obemot-na-strukot-za-samo-1-sedmica-01.jpg

Започнете со ред:

1. Изменете го појадокот

Наместо храна богата со јаглехидрати како житарките и лебот, одберете нешто на база на протеини. Овие намирници го забрзуваат метаболизмот за цели 25 проценти. Белките, протеинските шејкови или јогуртот со шумско овошје се секогаш подобар избор.

2. Додајте влакна во исхраната

Тука спаѓа лененото семе, шумското овошје, зеленчукот без скроб и кокосовото брашно кои се одлични извори на влакна потребни за функционирање на оргазнимот.

3. Одберете ги вистинските масти

Наместо да користите рафинирано масло за готвење, користете масло во вид на спреј и јадете повеќе семки кои содржат повеќе протеини и влакна од јаткастите плодови, а многу помалку маснотии.

4. Избегнувајте тешки вечерни оброци

Оброците на база на зеленчук, риба или сладок компир се совршен пример за здрава и лесна вечера. Зачинете го оброкот со билки наместо со сол, путер или масло.

5. Воздржете се од засладувачите

Користете стевија наместо шеќер. Стевијата е билка која уште пред стотици години се користела како засладувач, но била потполно здрава. Таа не содржи калории, а со тоа не влијае на обемот на вашиот струк.

6. Пијте повеќе јогурт

Пробиотиците и протеините кои се наоѓаат во јогуртот го намалуваат чувството на подуеност. Но, избегнувајте ги овошните јогурти затоа што содржат шеќери и адитиви.

7. Не го заборавајте тренингот

Со кардио вежби и тренинг за зајакнување најбрзо ќе се ослободите од наслагите околу струкот. За почеток, доволен ви е тренинг од 20 минути, 3 пати во неделата.

Имате некој трик или совет плус?

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg