Искрена приказна: Грешки поради кои ми требаа 5 години за да ослабам 18 килограми

Фитнес блогерка и инструкторка за јога, Џени Шугар ја раскажува својата приказна за обидите да ослаби, како и главната грешка која несвесно ја правела во текот на макотрпниот пат до убава и витка линија. Својот краен резултат го споделила со јавноста.

iskrena-prikazna-greski-poradi-koi-mi-trebaa-5-godini-za-da-oslabam-18-kilogrami-01

Таа за 5 години успеала да ослаби 18 килограми, а зошто ѝ требало толку многу ги обвинува своите секојдневни навики.

Прескокнување на појадокот

„Знаев дека морам да јадам помалку, па трпев глад до ручекот. Но, тогаш јадев повеќе од вообичаено“ – објаснува Џени.

На тој начин го забавила метаболизмот и јадела повеќе од она што можела да потроши и наместо да слабее, килограмите само се зголемувале.

Ништо освен јога

„Вежбав јога трипати неделно, но не сфаќав зошто по неколку месеци не ослабев. Не го земав предвид тоа што не се сите вежби исти, додека еден пријател не ми предложи да вклучам и кардио тренинг“ – раскажува Џени.

Откако почнала да трча само 15 минути неколку пати неделно, ефектите станале видливи.

iskrena-prikazna-greski-poradi-koi-mi-trebaa-5-godini-za-da-oslabam-18-kilogrami-1.jpg

Кралица на јаглените хидрати

„Бисквити, леб, житарки, тестенини! Многу сакав јаглени хидрати. Ги јадев постојано за секој оброк и ужина, со што не оставав доволно простор за овошје и зеленчук“ – дополнува таа.

После тоа, решила да го исфрли глутенот од исхраната, но ни тоа не било идеално решение со оглед на тоа што наместо храна богата со јаглени хидрати кои дотогаш ги јадела, па почнала да ја конзумира онаа без глутен.

Голем сладокусец

„Тоа што сум голем сладокусец го имам наследено од мојата мајка. Знаев дека морам да го контролирам. Почнав полиците во кујната да ги полнам со производи од здравата храна како: индиски ореви, манго, свеж сок, путер од кикирики, хумус“.

Решила да ги исфрли од менито колачите и сладоледот, но затоа јадела путер од кикирики од тегла, што воопшто не давало добри резултати додека не почнала да си ја ограничува количината.

iskrena-prikazna-greski-poradi-koi-mi-trebaa-5-godini-za-da-oslabam-18-kilogrami-2.jpg

„Мојот пат на слабеење траеше 5 години, што е многу, бидејќи упорно ги правев истите грешки. Кога почнав да јадам овошје, зеленчук, интегрални житарки и немасни протеини, да трчам и да тренирам јога пет пати неделно, се појавија ефектите. Да имав такво темпо од почетокот, резултатите ќе ги имав уште пред една година“ – заклучува Џени Шугар.

Подоцна станала инструкторка по јога во 2000. година, а почнала и да пишува на својот блог за фитнес од 2007. година, па дури и после две бремености успеала да ја задржи здравата тежина. Затоа нејзината порака е : Не се откажувајте!

Би можело да ве интересира:

„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg