Најдобар начин на броење калории: Ако нешто изедеш, а никој не те види, тоа не се брои!

Ако сметате дека калориите се ваши непријатели кои треба да ги победите, најпрво треба да ги запознаете нивните правила и да се помирите со противникот.

najdobar-nacin-na-broenje-kalorii-ako-nesto-izedes-a-nikoj-ne-te-vidi-toa-ne-se-broi-01

Сигурно често ви досадува на секој залак да ги броите калории и да правите досадни пресметки, за на крајот повторно да имате лоши резултати. Единствената корисна диета е да јадете почесто, но помалку.

За калориите не се грижете, ова е најдобриот начин за да ги пресметате:

- Ако нешто изедеш, а никој не те види, тоа не се брои, тука нема калории.

- Ако испиеш диетална Coca - cola и со тоа изедеш цело чоколадо, калориите од чоколадото ги уништува диеталната Coca – cola.

- Ако јадеш со други се бројат само оние калории кои си ги внел/а повеќе од другите.

- Во храната која се консумира од здравствени причини, како: торти, чоколади, пиво, вино, ракија...никогаш не се бројат калориите.

- Колку повеќе се трудиш да ги здебелиш луѓето околу тебе, толку послабо ќе изгледаш ти.

- Храната која се консумира како дел од некоја забава (пуканки, чипс, кикирики, чоколади, бонбони) или додека слушаш музика, гледаш филм, не содржат никакви калории, бидејќи не се консумираат за прехрана, туку за забава.

- Она што се лиже од лажицата, ножот, тенџерето и другите садови во кои се подготвува храната, не содржи никакви калории, бидејќи тоа не е храна туку дел од нејзината подготовка.

- Храната со иста боја содржи ист број калории. На пример, домат и мармалад од јагоди или млекото и белото чоколадо имаат еднакви калории.

На крај, ова е вистинската дефиниција за калориите:

Калоријата е мало безобразно ѓубре, кое преку ноќ ти се вовлекува во гардероберот и ти ја стеснува облеката за неколку броеви.

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg