8 трикови за уредување со кои ќе ѝ дадете модерен изглед на вашата кујна
Вложете во квалитетни кујнски апарати
Квалитетните кујнски апарати не само што ќе ви траат подолго, туку и скоро секогаш имаат поубав, помодерен дизајн.
Никогаш нема да погрешите со дрвени елементи
Веќе спомнавме дека природните материјали се секогаш добар избор, а овде спаѓа и дрвото.
Ако кујната ви изгледа монотоно, лесно ќе ѝ го освежите изгледот со некој дрвен елемент.
Кога се двоумите, направете комбинација од црна и бела боја
Речиси и да нема простор за грешка кога станува збор за комбинација од црна и бела боја.
Па, ако не сте сигурни која боја сакате да доминира во кујна, нема да погрешите со оваа комбинација.
Секако, не заборавајте дека елементите е најдобро да бидат со мат боја.
Ставете отворени полици
Шкафчињата со врати изгледаат одлично, но ако сакате да додадете топлина во кујната, ставете и отворени полици.
Овде можете да ги изложите убавите чинии и шолји или да ги наредите вашите зачини.
Единствен недостаток на отворените полици е тоа што ќе треба да ги средувате почесто за кујната да не изгледа расфрлано.
Спирова С. | Црнобело