11 трикови за уредување на спалната соба (како да му дадете нов шмек на стариот простор)
Ставете букет свежо цвеќе
Пријатниот цветен мирис на лаванда, јасмин или некое друго цвеќе ќе ви ја освежи спалната соба.
Инвестирајте во нова, убава постелнина
Во собата со ова веднаш ќе се почувствува нова енергија и ќе чувствувате пријатна возбуда за да си легнете на убавата и мека постелнина. Исто така, може да направите ефект на хотелска соба, па да го зачините и сексуалниот живот.
Направете си гардеробер со внатрешност според вашите потреби
Вам можеби ви се потребни повеќе фиоки и полици, наместо простор со закачалки, па направете си таков гардеробер за облеката да ви биде подобро организирана, а нередот помал.
Дадете ѝ нов сјај на собата со нови завеси
Визуелно веднаш ќе го промените изгледот, па и целиот стил на спалната соба. Одберете нешто уникатно што го рефлектира вашиот стил или прави да се чувствувате релаксирано.
Заменете ги старите нефункционални парчиња мебел со нови поминималистички
Одберете помали парчиња на мебел за просторот во спалната да ви дише, но сепак тие да го рефлектираат вашиот личен стил.
С. С. | Црнобело