9 детали со кои ќе го разубавите тоалетот без да потрошите цело богатство
Средете го просторот околу прозорецот, тргнете ги предметите од мијалникот и купете убаво килимче за подот – постојат многу начини да го разубавите вашиот тоалет, без да потрошите цело богатство.
Ако не ви се допаѓа изгледот на вашиот тоалет, но не сте во можност да го реновирате, лесно можете да го разубавите просторот и без да трошите многу пари.
Доволно е да обрнете внимание на некои ситници за да направите огромна разлика.
Кои детали ќе ви помогнат во ова?
Бели крпи
Кога сите крпи во тоалетот ќе имаат една боја, целиот простор ќе изгледа многу подобро.
Секако, не мора да се ограничувате само со бели крпи – доколку одговара со ентериерот на вашиот тоалет, слободно купете црвени или розови или сини.
Важно е само сите да имаат иста боја.
Убав туш
Ова е можеби најскапото нешто на листава.
Вложете некој денар повеќе за квалитетен туш кој не само што ќе изгледа поубаво, туку и ќе ви трае подолго.
Квалитетно килимче
Килимчето има големо влијание врз изгледот на бањата.
Најдобро избегнувајте ги пластичните и силиконски килимчиња и заменете ги со меки.
Притоа, внимавајте на боите и дезените – треба да се совпаѓаат со ентериерот.
Функционално огледало
Големото огледало ќе го разубави просторот во бањата, а и ќе ви биде од огромна корист.
Доколку не сте во можност да купувате ново големо огледало, можете да ставите едно помало кое сигурно ќе ви биде многу корисно.