9 детали со кои ќе го разубавите тоалетот без да потрошите цело богатство
Среден прозорец
Ако имате прозорец во тоалетот, немојте да го користите како полица за тоалетна хартија, козметика или што било друго.
Наместо тоа, купете убава завеса која ќе се вклопува во ентериерот или украсете ја рамката со некое растение.
Тргнете ги предметите од мијалникот
Дури и најевтиниот мијалник ќе изгледа многу добро ако околу него нема сапун, четки за заби, продукти за миење лице…
За овие предмети што ги користите секојдневно препорачливо е да ставите посебни држачи.
Обрнете внимание на осветлувањето
Обично во тоалетите нема многу природна светлина, па мора да ставите убаво светло.
Препорачливо е да ставите бело светло, но не премногу силно.
Обрнете внимание на ситниците
Како што ставате декорации во останатите простории, слободно ставете нешто и во тоалетот. Мирисливи свеќи, некој мал украс, растение…
Максимално искористете го просторот
Ако вашата бања е мала, секогаш можете да ставите полици кои ќе ви додадат простор за складирање.
Потрудете се максимално да го искористите просторот и најдете место за сите ситници. Кога тоалетот нема да биде расфрлан, ќе изгледа многу подобро.
Спирова С. | Црнобело