Трендови за уредување за кои не вреди да трошите пари, според дизајнери на ентериер
Не вреди да купувате столчиња и фотелји кои не се удобни
Кога купувате столчиња и фотелји, удобноста треба да биде приоритет.
Односно, навистина не вреди да дадете мало богатство за фотелја која изгледа уникатно и се вклопува во ентериерот ако никогаш нема да седнете на неа.
Плочките со дезени наскоро ќе станат демоде
Плочките се долгорочна инвестиција и секогаш е подобро да одберете безвременски модел отколку нешто тренди.
Периодов вистински хит се плочките со интересни дезени и геометриски форми, но многу дизајнери сметаат дека наскоро ќе станат демоде.
Затоа, многу подобар избор се еднобојните плочки.
Подобро избегнувајте ги муралите
Огромните цртежи на ѕидовите, познати и како мурали, изминативе неколку години станаа многу популарни.
Но, слично како со црната боја, подоцна може да ви биде тешко да ги покриете.
Белата боја значи и многу чистење
Иако просториите во кои доминира белата боја изгледаат навистина добро, бараат многу чистење.
На белиот мебел ќе се познаваат и најмалите дамки, па најдобро избегнувајте ја оваа боја, особено ако имате деца или миленици.
Спирова С. | Црнобело