7 нови трендови за уредување дневни соби за 2022-ра (и три застарени)
Јапонски мебел
Голема популарност забележува и мебелот инспириран од јапонската традиција. Овие парчиња се примамливи бидејќи изгледаат добро и лесно се вклопуваат во секаков ентериер, а притоа се многу практични.
Повеќе растенија и природни материјали
Покрај мебелот направен од дрво, дополнително ќе ја разубавите дневната ако додадете неколку растенија.
Белиот мебел ја губи популарноста
Иако белиот мебел може да изгледа добро, луѓето повеќе ја ценат функционалноста. А, бидејќи лесно се валка, белиот мебел не го исполнува овој услов.
Истото важи и за отворените дневни
На отворените дневни соби, односно дневни поврзани со ходник и/или трпезарија, им се намалува популарноста.
Иако овој начин на уредување беше многу популарен со години, јасно е дека вклучува многу неискористен простор.
Бидејќи, како што рековме, сега повеќе се цени функционалноста, луѓето пробуваат максимално да го искористат просторот, па популарни се одделните простории.
Минимализмот повеќе не е „ин“
Минималистичкиот ентериер беше хит со години, но сега нештата се менуваат.
Иако доза минимализам сепак изгледа добро, многу подобро е во вашиот дом да има и некој ваш личен печат наместо само празен простор.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





