Наполнете го троседот со перници и уште 9 начини како да си го претворите домот во мал, опуштен рај (фото)
Редовно проветрувајте ја куќата
Свежиот воздух ја прави атмосферата во просторот многу полесна и поздрава за живот и одмор.
Претпочитајте светилки со послаба осветленост
Идеално, одберете затемнувачи за да можете да го адаптирате интензитетот на вашите потреби и да имате поинтензивно осветлување кога читате или, пак, да го намалите додека пиете чај, вино или ја гледате омилената серија.
Редовно чистење на домот
На овој начин ќе го одржувате секој агол од просторот уреден и чист – нешто што особено помага да се создаде мирна и опуштена средина.
Ослободете се од сè што ви носи негативни емоции
Наместо тоа, фокусирајте се на добрите работи во животот, како што се сликите во светли бои или вашите омилени фотографии кои ви евоцираат убави спомени.
Наполнете го троседот со перници
Меките, бушави перници даваат чувство на удобност и релаксација – можете дури и да ги ставите на подот за поголем комфор.
Обрнете посебно внимание на спалната соба
Отстранете ги сите електронски уреди од спалната соба кои влијаат на квалитетот на вашиот сон.
(О)Милена | Црнобело