Наполнете го троседот со перници и уште 9 начини како да си го претворите домот во мал, опуштен рај (фото)
Додајте свежи растенија, избегнувајте тешки завеси, средете го влезниот дел - постојат многу трикови што ќе ви помогнат да го претворите домот во мал опуштен рај.
Како да си направите ваш мал, домашен рај во кој безгрижно ќе уживате и ќе поминувате бројни опуштени часови?
Лесно можете да го претворите вашиот дом во мирно и релаксирачко место каде што ќе сакате да го поминете поголемиот дел од денот.
Еве неколку едноставни совети:
Уредете го влезниот дел во домот
Првите впечатоци (како убаво парче мебел или некое уметничко дело) помагаат да се испратат сигнали до вашиот мозок дека влегувате во пријатен и безбеден простор.
Додајте свеќи во секоја соба (дури и во бањата)
Одбирајте свеќи во бела или крем боја за да внесете мир во собата и користете ароми како лаванда, роза и ванила.
https://www.instagram.com/p/CWtoDVLBaJY/
Наполнете вазна со свежо цвеќе
Дури и едноставен букет ќе направи голема разлика во вашиот простор и вашето расположение.
Додајте живи растенија
Зелената боја смирува и потсетува на релаксација во природа.
https://www.instagram.com/p/CWp_rAJN5wM/
Избегнувајте тешки завеси
Претпочитајте ткаенини кои „дишат“ и светли бои кои ќе го отворат просторот, но и умот и срцето.