15 фото-идеи како да ја претворите вашата спална во вистинска индустриска магија
Индустрискиот стил е дел од најсмелата и експресивната естетика, а воедно и идеален за дизајн на вашите домови.
Доколку му пристапите на вистински начин, можете да го интегрирате во секој стил кој веќе „владее“ во вашиот ентериер или да го поставите како основа околу која ќе изградите интересна приказна.
Покрај дневниот престој, индустрискиот стил е одличен и за вашиот најголем комодитет – спалните соби.
Иако е редок, обично се комбинира со модерна, современа, рустикална и минималистичка нота.
Покрај тоа, во вашата спална соба можете да додадете неколку автентични детали што ќе направат истата да изгледа многу привлечно и ќе ѝ дадат карактер.
Што се однесува до боите, во овие простори обично доминира потемната палета, но не е исклучена ниту светлата, па така – крајниот избор е во ваши раце.
Затоа, обидете се да експериментирате и претворете го вашето омилено катче во вистински луксузен комфор.
Во продолжение за вас издвојуваме повеќе фото-идеи како да ја претворите вашата спална соба во вистинска индустриска магија:
Мила М. | Црнобело