Кај Магдалена дома: Уредувањето на ходникот ми е погодок, но подот во кујната ми е промашување (фото)
Всушност, сметам дека целиот дом треба да биде комбинација од поедноставни и поевтини нешта и некои полуксузни декорации што ќе ви направат мерак. За работи како на пример бела техника, не треба да се штеди, но за полици или ТВ-комода има простор и да се искомбинира нешто што нема да чини многу.
Секако супер би било и ако имате некое старо парче мебел кое би можеле да го обновите со малку труд и да го вклопите во просторот. Кај нас тоа е старата, дрвена клацкалка.
И сите оние мали проекти „направи сам“, вазни од шишиња, картонски кутии обложени со украсна хартија, стари, пренаменети саксии и слично се супер идеја за дополнителен шмек на просторот.“
Повеќе фотки од домот на Магдалена:
Погледнете и како целосно изгледа станот на Магдалена Дом што зрачи со смиреност: На гости кај Магдалена Костовска од Скопје (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело