Велигденска бајка во домот на Драгана од Гостивар (фото)
Од колачиња со зајчиња до декорации со јајца и разни украси … Станот на Драгана во Гостивар периодов е вистинска велигденска бајка.
Драгана Ѓорѓиевска e креативна девојка која живее во Гостивар. Нејзиниот стан е уреден со многу љубов и внимание, а посветеноста на деталите јасно се гледа и од фотографиите.
Таа периодов домот го уреди во велигденски дух со многу украси, како сцена од некоја бајка.
https://www.instagram.com/p/CNNjHBLLTO7/
Драгана за CRNOBELO.com вели:
„Како за секој христијанин, така и за мене Велигден е посебен ден. Со нетрпение го очекувам секоја година, уште од детството. Ги негувам сите обичаи кои во моето семејство се негуваат, а сега и јас продолжувам да ги негувам во мојот дом со моето семејство.
Велигден е моја духовна инспирација, љубов, енергија, моќ, радост. Секоја година Велигден е ист, но и различен, посебен. Тогаш мојот дом наликува на вистинска бајка.
Централно место во мојот дом е корпата со велигденски јајца. Секое јајце е посебна декорација за себе.
Оваа година велигденските јајца ги насликав со бои за уметничко сликање, а мотивот е инспирација од природата, симболот на животот, љубовта и убавината. Велигден е причина за постоење, за празнување!
Фотки од домот на Драгана:
https://www.instagram.com/p/COSKXkCrdMo/
https://www.instagram.com/p/COSKWC8rjK0/
https://www.instagram.com/p/COSFFczrmeT/
https://www.instagram.com/p/COQlTolL8fR/
https://www.instagram.com/p/COPpDH7LmoP/
https://www.instagram.com/p/COAkLNELox5/
https://www.instagram.com/p/CN9QeF8LEnV/
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело