„Направи сам“ експерт – жена со 230 евра сама си ја реновирала кујната за едно деноноќие (фото)
Не ви се допаѓа моменталниот изглед на вашата кујна, а „коса ви се крева“ кога ќе помислите дека реновирањето ќе трае долго и дека ќе треба да издвоите прилично поголема сума од вашиот буџет.
Сепак Карли, мајка на близнаци, на нејзиниот профил на Инстаграм покажа како со малку труд успеа во целост да ја трансформира кујната и да ја подигне вредноста на куќата за околу 30.000 евра. Како што вели, пресреќна е што за нејзиниот труд се пишува во весниците.
„Ако ме следевте подолго време тогаш знаете дека за пред неколку месеци ни ја проценија куќата и кажаа дека е модерна, но не и кујната (со што се согласив), па решив да ѝ дадам слој боја и нови модерни рачки додека бебињата спиеја. По два слоја боја нанесени во 24 часа и ете, цената на домот се зголеми за 25.000 фунти (околу 30.000 евра)“ - напиша до фотографиите оваа млада мајка.
Таа појаснува дека целиот процес ја чинел околу 230 евра. Како што вели, тоа било одлична одлука затоа што истовремено ниту има голема кујна, ниту пак има голем буџет.
На фотографиите имаме можност да ја видиме како гордо позира како со четката за бојадисување, така и со двата весници каде нејзината приказна го нашла своето место на насловните страни.
„Заработив 25.000 фунти (околу 30.000 евра) со оваа четка“ - напиша таа до фотографиите.
Б. С. Б. | Црнобело