Огромни екрани и уште 7 работи во дневната соба што ви предизвикуваат стрес
Oд недостиг на светлина до бел кауч, кои се работите во домот што може да направат тензија во вас?
Дневната соба треба да биде место за одмор, но начинот на кој ја уредувате понекогаш знае да биде причина за стрес.
Психологот Сесил Ахренс за Insider открива кои работи од уредувањето на вашата дневна соба всушност се причинители за поголема доза на стрес во вашето секојдневие.
Белиот мебел или мебелот во многу светли тонови е причина за стрес кај вашите гости
Изгледа убаво, но тие уште при пристигнувањето ќе си направат тензија за да не направат неред и вашиот дом да остане беспрекорно чист. Нема да им биде комфорно затоа што постојано ќе пазат да не ви направат дамка од црвено вино на белиот кауч.
Неодоволно светлина
„Мора да размислите добро за намената на секоја соба во вашиот дом и да обезбедите соодветно ниво на светлина за извршување на активностите“, советува Сесил и вели дека ламбите се клучен момент во уредувањето.
Врева
Ако постојано ве иритира тоа што ги слушате соседите како се договараат што ќе прават за ручек или пак телевизорот на вашите деца од другата соба, тогаш размислете за дополнителна изолација.
Исто така, кога партнерот слуша иритантни вести на телевизија, вие повлечете се во друга соба со книга и смирувачка музика.
Огромни екрани
Сесил вели дека изложувањето на себеси на визуелна технологија може да предизвика стрес, особено ако имате многу големи екрани во дневната соба.