5 практични предмети кои би требало да ги имате во бањата

Секој сака удобна и практична бања, но некогаш, особено ако имате малку простор на располагање, може да биде тешко да ја реализирате вашата идеја.

6-praktichni-predmeti-koi-bi-trebalo-da-gi-imate-vo-banjata-01.jpg

Сите во бањата чуваме бројни предмети и продукти, па може да биде вистински предизвик да ги складирате сите, без бањата да изгледа „расфрлано“.

Затоа, погледнете кои практични предмети ќе ви помогнат во ова и добро би било да ги имате:

Огледало со полица

Ако имате мала бања, овие огледала ќе ви помогнат да заштедите многу простор. Овде можете да ги складирате продуктите што ги користите секојдневно, а ако полиците се затвораат, работите што ќе ги чувате внатре колку-толку ќе бидат заштитени од влага и прашина.

6-praktichni-predmeti-koi-bi-trebalo-da-gi-imate-vo-banjata-02.jpg

Завеса за када со прегради

Уште еден одличен начин да заштедите простор. Во овие прегради можете да ги чувате шампоните, купките, четките за бањање и слични предмети што зафаќаат многу простор околу кадата. Можеби не е идеално визуелно решение, но дефинитивно е практично за одреден период.

6-praktichni-predmeti-koi-bi-trebalo-da-gi-imate-vo-banjata-03.jpg

Послужавник со естетски наредени додатоци

Послужавникот не само што ќе ви биде многу практичен, туку и ќе го разубави ентериерот. Во него можете да чувате четки за заби, сапун, шминки и продукти за убавина што ги користите секојдневно, па дури и мини растение. 

6-praktichni-predmeti-koi-bi-trebalo-da-gi-imate-vo-banjata-04.jpg

Држачи за метли

Ако ги чувате метлите и џогерите во бањата, тогаш вреди да инвестирате во вакви држачи кои ќе ви помогнат да се справите со нередот. Лесно ќе ги најдете во продавниците за домаќинство и обично се многу евтини.

6-praktichni-predmeti-koi-bi-trebalo-da-gi-imate-vo-banjata-06.jpg

Корпи

Денес можете да најдете корпи во сите големини и со секакви бои, кои се одлични за складирање. Наместо да ги редите предметите на полиците во бањата, складирајте ги во корпи и просторијата ќе изгледа многу подобро.

6-praktichni-predmeti-koi-bi-trebalo-da-gi-imate-vo-banjata-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg