Како најдобро да ги организирате и складирате вашите чанти?

Дали секојпат кога си доаѓате дома чантата завршува на столот, креветот или некоја маса? Тогаш е време да им најдете посебно место на вашите чанти и малку да ги организирате.

kako-najdobro-da-gi-organizirate-i-skladirate-vashite-chanti-01.jpg

На овој начин не само што лесно ќе ја најдете чантата што ви е потребна, туку ќе ги заштитите сите чанти и ќе им го продолжите векот. Во зависност од тоа колку простор имате во домот, постојат многу начини за организирање на вашите чанти.

Во продолжение можете да погледнете неколку предлози и совети:

Како да ги заштитите чантите?

Без разлика каде ќе ви стојат чантите, мора да се осигурете дека се добро заштитени. Ако чантите ви стојат на отворено како, на пример, на полица, редовно бришете ја прашината од нив.

Чантите кои ви се складирани за друга сезона можете да ги ставите во кеси или вреќи, така што ќе ги заштитите од прашина и влага. Истовремено, за да им го зачувате обликот на чантите што ги носите поретко наполнете ги со топки хартија, сунѓер или што било.

kako-najdobro-da-gi-organizirate-i-skladirate-vashite-chanti-02.jpg

Чантите што ги носите секој ден ставете ги на лесно достапно место

Секоја жена има 1-2 чанти кои ги носи најчесто. За да не губите време да ги барате, ставете ги на лесно достапно место – на закачалката со палта, во ормарот во ходникот, на масичка во близина на влезната врата…

Можете да набавите и едноставни и евтини закачалки кои ќе бидат само за чантите што ги носите најчесто.

kako-najdobro-da-gi-organizirate-i-skladirate-vashite-chanti-03.jpg

Тргнете ги настрана сезонските чанти

Во зима сигурно нема да посакате да ја носите сламената торба за плажа, па зошто да ви зафаќа простор дури да дојде лето? Одделете ги чантите што ги носите во топлите/летните месеци и оние кои нема да ви требаат подолг период ставете ги во кеси и тргнете ги настрана. Како што напоменавме, за да не го изгубат обликот, наполнете ги со хартија или нешто слично.

kako-najdobro-da-gi-organizirate-i-skladirate-vashite-chanti-04.jpg

Ако имате простор, распоредете ги чантите

Ако имате повеќе простор во домот, тогаш одвојте поголемо место само за чантите. Можете да ги наредите сите во гардеробер или на полици, само немојте премногу да ги збивате една до друга за да не ги оштетите. На овој начин ќе имате многу подобра прегледност и синте чанти ќе ви бидат при рака.

kako-najdobro-da-gi-organizirate-i-skladirate-vashite-chanti-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg