Совети и идеи како да го уредите поткровјето во домот (фото)
Поткровјето обично е најмалиот дел од куќата, а многу често и цели станови се наоѓаат на поткровје, но ова место секогаш има некој посебен шарм.
Ако барате идеја како да го уредите поткровјето, следете некои од следниве совети за подобро да го искористите:
Бели ѕидови
Белата боја создава илузија на пространост, а бидејќи поткровјето е мал простор, белите ѕидови се најдобар избор.
Ако, пак, во оваа просторија имате прозорци, тогаш можете да го обоите спротивниот ѕид со некоја впечатлива боја. Поради прозорецот, силната боја нема да го „затвори“ просторот и ќе направи собата да изгледа уште поудобно.
Најдете му добро место на креветот
Ако имате прозорец на косиот ѕид, најдобро ќе биде креветот да го поставите под него. Во овие простории добро е што можете да го ставите и креветот на средина.
Најважното во овој случај е да одберете што е можно понизок кревет, а ако сакате да бидете креативни, наредете дрвени палети и врз нив само ставете душек.
Направете свое катче
Наместо спална, во собата можете да направите и катче за читање, релаксација и слично. Сосемa доволно е да најдете масичка, а околу неа ставете перници за седење.
Поткровјето може да биде соба за играње или ваше студио
Ако имате деца, поткровјето можете да го претворите во најудобната соба за играње. Од друга страна, поткровјето можете да го претворите во соба за вежбање или, пак, ако свирите инструмент, во ваше музичко студио.
Поткровје како канцеларија
Ако немате друг простор во домот, зошто да не го искористите поткровјето за вашата домашна канцеларија? Овде сигурно ќе можете да го најдете потребниот мир додека работите, и дефинитивно ќе ја имате најудобната канцеларија.
Плус фотки за инспирација:
Спирова С. | Црнобело