Мали промени во ентериерот со кои ќе ја освежите секоја просторија
Ако ви е потребна промена во домот, добрите вести се дека не мора да трошите цело богатство за реновирање.
Понекогаш доволно е да промените или да додадете само еден детаљ во собата, за да го направите просторот многу попријатен.
Во продолжение погледнете кои мали промени ќе ви помогнат да ја освежите секоја просторија во домот:
Купете некое растение
Зеленилото им годи на сите, а дури и најмалото растение ќе го подобри изгледот на просторијата.
Покрај тоа, грижата за растенијата е како терапија, па ќе имате начин како да се релаксирате.
Додајте огледало
Познато е дека огледалата имаат моќ да ја направат просторијата визуелно поширока. Доколку сте во можност, набавете поголемо огледало поставете го во собата што сакате да ја промените.
Но, одлична работа може да ви заврши и помало огледало со впечатлива рамка.
Закачете уметничко дело
Доколку имате празен ѕид, пополнете го со некое уметничко дело, голема фотографија од саканите или нешто слично.
Можете и целиот ѕид да го направите како галерија и да ги изложите вашите омилени уметнички дела.
Променете го светлото
Светилките на таванот се доста функционални, но секогаш можете да додадете уште еден извор на светлина.
За да ја освежите просторијата, додајте столна ламба, свеќи, а можете да ги закачите и новогодишните сијалички.
Променете го распоредот на просторијата
Ако не сакате да трошите воопшто пари, доволно е само да го промените распоредот на мебелот.
Играјте си со просторот, пробајте неколку комбинации, а ако е потребно можете и да го отстраните мебелот што ви изгледа вишок.