Мали промени во ентериерот со кои ќе ја освежите секоја просторија
Украсете ги рамните површини
Нема потреба да ги менувате масичките во домот. Доволно е да им ставите прекривка и да ставите некој украс, цвеќе, книга или што било што ви се допаѓа.
Украсете со перници
Обичната фотелја ќе изгледа многу подобро ако на неа стои некоја интересна перница. Истото важи за сите кревети во домот.
Перниците се навистина едноставен и евтин начин да го подобрите изгледот на секоја просторија.
Обидете се секогаш да го средувате нередот
Дури и да го имате најскапиот дом, ако внатре е расфрлано, нема да се чувствувате добро. Па, обидете се секогаш да го средувате нередот што го правите.
Не ја оставајте облеката на столот или на креветот, туку во гардероберот. Измијте ги садовите, тргнете ги непотребните предмети од масите…
Кога просторијата е средена, ќе се чувствувате многу попријатно.
Спирова С. | Црнобело