Како да си направите ваше катче за медитација?
Одлучивте конечно да започнете да медитирате, но немате соодветен простор за тоа во вашиот дом? Без грижа, имаме неколку совети за вас.
Ако секогаш медитирате на истото место, ќе се чувствувате многу поудобно, а кога ќе имате простор наменет само за тоа, ќе немате изговор да ја прескокнете медитацијата.
Па, погледнете како да си направите катче за медитација во вашиот дом:
Најдете соодветно место
Кое место ќе биде најдобро и колку истото ќе биде големо зависи само од вас. Пронајдете место што ве опушта и каде што се чувствувате најбезбедно во куќата, станот или дворот. Важно е да ви е удобно.
Исто така, проверете дали местото е доволно чисто и осветлено, и имајте барем едно растение таму.
Удобноста треба да биде најважна
Обрнете внимание на деталите што ќе ви помогнат да се чувствувате пријатно. Купете нова перница што ви се допаѓа, убав килим за седење или што било друго што е синоним за удобност и релаксација.
Украсете го катчето за медитација по ваш вкус
Сега кога сте го направиле вашето место за медитација удобно, време е да го украсите по ваш вкус. Запомнете дека не треба да претерате со деталите. Што повеќе работи имате, толку повеќе ќе бидете дефокусирани.
Опкружете се со мирисливи свеќи, наредете книги, ставете ги омилените украси, чинии, кристали. Можете да украсите и со есенцијални масла, мирисливи стапчиња, картички за мотивација...
Исто така, обрнете внимание на боите - нека преовладуваат нежни и пастелни бои.
Направете го вашето катче место за уживање
Ова значи дека ниту едно друго место во вашиот дом нема да биде како ова. Ова е посебно место, што ќе го користите само за медитација и релаксација.
Побарајте од членовите на вашето семејство да не доаѓаат овде и да го почитуваат вашиот личен простор.
Ашера | Црнобело