Евтина трансформација на домот во 8 чекори

Играјте си со дипли и прекривки

Овие нешта можат многу да го променат изгледот на просторијата.

Замислете си како би изгледала просторијата на фотографијата без диплите, прекривачот или завесите.

Ако имате оштетен под, наместо во реновирање, инвестирајте во интересен тепих или дипла. Креветите, пак, без разлика колку се стари, секогаш ќе изгледаат подобро ако ставете некој интересен прекривач.

evtina-transformacija-na-domot-vo-8-chekori-07.JPG

Додајте светло

Ако имате само еден лустер на таванот од собата, нема да постигнете ништо.

Но, подните ламби, малите сијалички, па дури и свеќите ѝ даваат сосема нов изглед на просторијата.

Сијаличките можете да ги користите и за да акцентирате некој дел од просторијата како, на пример, закачените семејни фотографии.

evtina-transformacija-na-domot-vo-8-chekori-08.JPG

Додајте растенија и цвеќиња

Дури и најтрошниот дом ќе изгледа многу поубаво ако внатре има растенија.

Овојпат, само треба да внимавате на бојата на саксиите – важно е да се совпаѓа со остатокот од ентериерот.

evtina-transformacija-na-domot-vo-8-chekori-09.JPG

Додајте украси

Последниот чекор е украсување на домот.

Украсите и сликите што ќе ги ставите ќе ги рефлектираат вашите интереси кои ќе го направат домот уникатен.

Наредете ги вашите омилени украси, врамете ги омилените слики и закачете ги или, едноставно, потпрете ги на ѕидот.

evtina-transformacija-na-domot-vo-8-chekori-11.JPG

Ако имате книги, искористете ги и нив во украсувањето на домот. Всушност, искористете сè што имате на располагање за да му дадете личен печат на вашиот дом.

evtina-transformacija-na-domot-vo-8-chekori-10.JPG

Ако имате денар плус за трошење, можете да купите и нови шолји и чинии (кои ќе бидат со иста боја или дезен) и користете ги секојдневно. Не само за посебни прилики.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот? Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg